mk_MK mk_MK

Demo Blog With Map

Помош при остварување односно обнова (продолжување) на право на родителски додаток – Трето дете

Почитувани граѓани, Ве информираме дека почнувајќи од 13 јануари (понеделник) па се до 31ви март 2020 година, вработени во Центарот за правно зајакнување при општина Шуто Оризари во соработка со Центарот за социјална работа при општина Шуто Оризари ќе бидат на располагање со информации и дирекна помош со пополнување на формуларите за апликација/обнова на сите граѓани кои го користат правото ...

Прочитај повеќе »

ЧЕСТИТ БОЖИЌ !

Општина Шуто Oризари на сите православни христијани им го честита верскиот празник – Христовото раѓање, Божиќ. Независно на која религија припаѓаме, Општина Шуто Оризари со години наназад, ја слави взаемната почит меѓу сите етнички заедници, семејните вредности, меѓуетничкиот плурализам и мултирелигискиот карактер. Ви посакуваме среќа, радост, љубов и мир во Вашиот дом. Христос се роди ! За многу години! 

Прочитај повеќе »

ДЕЦАТА НА ЛОКАЛНИТЕ КОМУНАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ ДОБИЈА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА

Во пресрет на новогодишните празници, денеска Претседателката на Совет на Општина Шуто Оризари – Фатима Османовска им подели новогодишни пакетчиња на децата на локалните комунални работници. Оваа година локалната самоуправа со над 100 новогодишни пакетчиња се потруди да ги израдува децата на комуналните работници од Шуто Оризари. При оваа посета Општина Шуто Оризари ја повтори својата општествената одговорност со хумана ...

Прочитај повеќе »

Пензионираните наставници од О.У. ,,26 Јули” добија плакети за долгогодишната работа и труд во воспитно-образовната дејност

Во просториите на О.У. ,,26 Јули”, вчера се одржа церемонија по повод свечено доделување на плакети за работа и трудот на пензионираните просветни работници. На настанот присуствуваше советничката за образование на општина Шуто Оризари – Рамиза Сакип, директорот на О.У. ,,26 Јули” – Дритон Ганиу, наставници и останати релевантни претставници. Целта на настанот е одбележување и оддавање признание за клучни ...

Прочитај повеќе »

Општина Шуто Оризари учествуваше на презентација на анализата: „ Родовиот аспект и жртвите на родово базираното и семејното насилство во Законот за Социјална Заштита“

Вчера Општина Шуто Оризари учествуваше на презентација на анализата : „ Родовиот аспект и жртвите на родово базираното и семејното насилство во Законот за Социјална Заштита на Република Северна Македонија “. На настанот се обрати Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и Елена Димушевска – извршен директор на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Анализата ...

Прочитај повеќе »

Градоначалникот Курто Дудуш подели над 900 новогодишни пакетчиња во Општина Шуто Оризари

Градоначалникот Курто Дудуш во пресрет на новогодишните празници подели над 900 новогодишни пакетчиња во Општина Шуто Оризари. Вкупно 170 новогодишни пакети беа поделени во детската градинка ,,8-ми Април”. Учениците од прво одделение во О.У. ,,Браќа Рамиз и Хамид” добија 380 пакетчиња, а учениците од О.У. ,,26 Јули” (од македонска и албанска наставна програма) добија 265 новогодишни пакетчиња. Исто така, за децета ...

Прочитај повеќе »

Градоначалникот Курто Дудуш подели над 200 новогодишни пакетчиња во О.У. ,,26 Јули”

Градоначалникот Курто Дудуш, денеска во пресред на новогодишните празници подели вкупно 265 новогодишни пакетчиња во О.У. ,,26 Јули”. Новогодишни пакетчиња добија првооделенците од македонска и албанска наставна програма. Локалната самоуправа секоја година во контиуитет и со голема масовост подарува новогодишни пакетчиња на учениците од основните училишта со цел разубавување на предпразничниот период и продлабочување на веќе воспоставената соработка со локалните училишта. ...

Прочитај повеќе »

Новогодишен настан: ,,БАТАЛИ ПАЗАР, ДОЈДИ НА НОВОГОДИШЕН БАЗАР ” во О.У. Браќа Рамиз и Хамид

Денеска, Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш присуствуваше на новогодишен настан : ,,Батали Пазар, Дојди на Базар”  во О.У. Браќа Рамиз и Хамид, по повод на новогодишните празници. Настанот се одржа во холот на училиштето и беше проследен со театарска престава. За време на настанот на Градоначалникот Курто Дудуш му беше врачена благодарница за континуираните напори и конкретните заложби ...

Прочитај повеќе »

Градоначалникот Курто Дудуш подели 170 новогодишни пакетчиња во детската градинка ,,8ми Април”

Денеска Градоначалникот Курто Дудуш присуствуваше на новогодишна приредба во детската градинка ,,8-ми Април” . Новогодишната програма на приредбата беше подржана со партиципативно учество на неколку претставници од локалната самоуправа. На настанот Градоначалникот Курто Дудуш ги испрати своите честитки до децата и нивните родители и подели вкупно 170 новогодишни пакетчиња. Претходната година, општина Шуто Оризари, во насока на унапредување на условите во ...

Прочитај повеќе »