mk_MK mk_MK

Demo Blog With Map

Поделени 250 хуманитарни пакети со храна по повод Курбан Бајрам во Шуто Оризари

Хуманитарната организација Kalliri Miresise во соработка со Општина Шуто Оризари додели вкупно 250 хуманитарни пакети со храни во рамки на проектот ,, Курбан Бајрам”. Хуманитарната организација Kalliri Miresise која е со седиште во Скопје, повеќе од десет години работи на обезбедување на социјална поддршка преку донација на храна, облека, хигиенски средства, поддршка при образование и организирање на различни активности како ...

Прочитај повеќе »

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Општина Шуто Оризари потпишаа Меморандум за соработка

      Општина Шуто Оризари и Мисијата на ОБСЕ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка за спроведување на заеднички активности во рамки на Советот за млади на Шуто Оризари. Советот на Општина Шуто Оризари согласно Законот за локална самоуправа на својата 5-та седница, за прв пат донесе одлука за отпочнување на постапка за формирање на Младински Совет. ОБСЕ ќе ...

Прочитај повеќе »

СООПШТЕНИЕ ЗА ФРЛАЊЕ НА ОРГАНСКИ ОТПАД

Општина Шуто Оризари-Komuna Šuto Orizari-Komuna Shuto Orizari Република Северна Македонија-Republika Utarali Makedonija-Republika e Maqedonisë së Veriut СООПШТЕНИЕ ВО ПРЕСРЕТ НА ВЕРСКИОТ ПРАЗНИК КУРБАН БАЈРАМ ИМ СЕ СООПШТУВА НА ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ ДЕКА НА ДЕН 10.08.2019 ГОДИНА (САБОТА) ВО 17:00 ЧАСОТ ЌЕ БИДАТ ПОСТАВЕНИ СПЕЦИЈАЛНИ САДОВИ СО НАМЕНА ЗА ФРЛАЊЕ НА ОРГАНСКИ ОТПАД (ОТПАД ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО) НА ДВЕ ...

Прочитај повеќе »

Практикантите на НВО Ромаверзитас на средба со Претседателот на Совет на Општина Шуто Оризари – Фатима Османовска

  Практикантите во Општина Шуто Оризари во рамки на проектот ,, Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високо образование и транзиција на пазарот на трудот”  преку компонентата практиканство имаа можност лично да се запознаат со Претседателот на Совет на Општина Шуто Оризари – Фатима Османовска. Тие се запознаа со работата и надлежностите на Советот, комисиите кои се формираат ...

Прочитај повеќе »

Општина Шуто Оризари присуствува на одбележувањето на Илинден во Крушево

Општина Шуто Оризари прусуствува на одбележувањето на Денот на Републиката – Илинден во Крушево. Градоначалникот Курто Дудуш во придружба на неколку советници од Општина Шуто Оризари положи цвеќе во чест на овој важен национален празник. За време на настанот беше испратена порака за обединување и патриотизам.

Прочитај повеќе »

Општина Шуто Оризари учествува на комеморацијата ,, DIKH HE NA BISTER’’ во Полска

Општина Шуто Оризари учествува на настанот ,, DIKH HE NA BISTER’’ во Краков, Полска по повод  75 годишнината од геноцидот на ромите. Настанот го организира Советот на Европа, младинската мрежа ,, Ternipe’’ и Документарениот центар на Синти и Роми. Целта на настанот е подигне свеста во Европа, особено меѓу младите Роми и не-Роми за настанатиот геноцидот на ромите, со цел ...

Прочитај повеќе »

Курто Дудуш: Денеска се сеќаваме на 75 години од Холокаусот на Ромите ! Да не заборавиме! Никогаш да не се повтори геноцидот врз Ромите !

Почитувани сограѓани, Денеска се сеќаваме и одбележуваме 75 години од Холокаусот на Ромите. Ромите беа ограбувани од правото на еднаквост само поради тоа што беа Роми. Нацистичката идеологија за ,, расно супериорна’’ нација, неаргуметирано истреби 250 000 – 500 000 роми поради ,, антисоцијалното и криминалното однесување’’. Ромите, Евреите, Полјаците, лицата со физички недостаток, полициските затвореници, ЛГБТ беа ,,проблем’’ кој ...

Прочитај повеќе »

Проект за училишно реновирање, меѓуетничка кохезија и промоција на граѓанската култура во Шуто Оризари

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш го потпиша меморандумот за проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието кој ќе се спроведува во Шуто Оризари. Проектот е имплементиран во соработка меѓу Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и Македонскиот центар за граѓанско образование. Согласно потпишаниот меморандум, трите главни компоненти на проект се зајакнување на меѓуетничката кохезија, ...

Прочитај повеќе »

Склучен меморандум за изготвување на локална младинска стратегија во Шуто Оризари

Градоначалникот Курто Дудуш во рамки на проектот ,, Активни и вклучени млади” го потпиша меморандумот за соработка со З.Г. Ромаверзитас со цел изготвување на локална младинска стратегија. Проектот е подржан од Европската унија, а спроведуван од Младинскиот образовен форум, Центарот за балканска соработка -Љоја и Младинскиот сојуз Крушево. Целта на овој меморандум е да се поттикнат младите да бидат активни ...

Прочитај повеќе »

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИ ВО СОРАБОТКА СО ГРАД СКОПЈЕ

Во рамки на акцијата за генерално чистење на Град Скопје, денеска беа исчистени неколку улици во Шуто Оризари. Град Скопје во соработка со Општина Шуто Оризари и јавните градски претпријатија спроведе масовно чистење, односно машинско миење на улиците, метење и расчистување на кабаст отпад. Денеска во Шуто Оризари се поставени контејнери на три пункта за одлагање на кабаст отпад каде ...

Прочитај повеќе »