mk_MK mk_MK

Пензионираните наставници од О.У. ,,26 Јули” добија плакети за долгогодишната работа и труд во воспитно-образовната дејност

Во просториите на О.У. ,,26 Јули”, вчера се одржа церемонија по повод свечено доделување на плакети за работа и трудот на пензионираните просветни работници.

На настанот присуствуваше советничката за образование на општина Шуто Оризари – Рамиза Сакип, директорот на О.У. ,,26 Јули” – Дритон Ганиу, наставници и останати релевантни претставници.

Целта на настанот е одбележување и оддавање признание за клучни постигнувањата во афирмирање на  воспитно-образовната дејност во насока на проектирање на идни генерации со претпознатлив потенцијал за понатамошно усовршување.

Оваа година училиштето додели вкупно 14 плакети за наставници од македонска и албанска настава за постигнатите успешни резултати во образованието.