mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари учествуваше на презентација на анализата: „ Родовиот аспект и жртвите на родово базираното и семејното насилство во Законот за Социјална Заштита“

Вчера Општина Шуто Оризари учествуваше на презентација на анализата : „ Родовиот аспект и жртвите на родово базираното и семејното насилство во Законот за Социјална Заштита на Република Северна Македонија “.

На настанот се обрати Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и Елена Димушевска – извршен директор на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Анализата дава осврт на тоа колку законот ги зема предвид потребите на жените односно колку родовиот аспект е земен предвид при изготвување на законските одредби кои се однесуваат на жртвите на семејно и родово базирано насилство односно на родовата сензитивност на законот.

Настанот во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство се одржа во Граѓански Ресурсен Центар во Скопје и заврши со дискусија во насока на креирање на поефективни препораки за унапредување на општествениот статусот на жената.