mk_MK mk_MK

Инфраструктура

Домувањето во Р. Северна Македонија е регулирано со Закон*.

Општина Шуто Оризари работи на намалување на јазот во однос на квалитетот на домување помеѓу ромските и не-ромските заедници.

Општина Шуто Оризари работи за постигнување на подобрени услови за живеење на ромските семејства преку изработка и спроведување на програми за интегрирана урбана регенерација и сузбивање на штетните услови за живеење.

Општина Шуто Оризари како излезни резултати ги наведува: реализирани проект/и за изградба на станови наменети за домување на социјално ранливи групи, идентификувана потреба за обновување на станбени едицини во кои живеат Ромите од социјално ранливите групи, реализирани проекти од комуналната инфраструктура во општините во населени места со претежно ромско население, подобрен административен капацитет во ЕЛС за изработка на проектно-техничка документација од областа на комуналната инфраструктура во општини со поголем процент на ромско население, ромите да имаат знаење и обврска да се вклучат во процесите на легализација на бесправно изградени објекти.

Отпочната е постапка за донесување на ДУП за градска четврт блок C06.01 на кој се предвидува изградба на две станбени згради за колективно домување со 51 стан за социјално загрозени лица и лица со посебни потреби.

* Законот за домување кој ги уредува видовите на објекти во домувањето, управувањето со станбените згради, односите меѓу сопствениците на посебните делови и трети лица, заедницата на сопствениците, евиденцијата на становите, закупничките односи во домувањето, начинот на управување и одржување на објектите, правата и обврските на Републиката, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во домувањето, инспекцискиот и управниот надзор и други прашања од областа на домувањето.

Поврзани линкови:

Санација и асфалтирање на повеќе улици во Шуто Оризари: 
https://sutoorizari.gov.mk/2019/02/20/санација-и-асфалтирање-на-повеќе-улиц/

Улична реконструкција и атмосферска канализација на ул. Индира Ганди:
https://sutoorizari.gov.mk/2019/03/19/улична-реконструкција-и-атмосферска/

Општина Шуто Оризари издвои 1.500.000 денари за улична реконструкција на ул. Нов Живот и ул. Вашинтонска: 
https://sutoorizari.gov.mk/2019/07/17/општина-шуто-оризари-издвои-1-500-000-денари/

Проект за изградба на нова детска градинка : 
https://sutoorizari.gov.mk/2019/01/18/проект-за-изградба-на-детска-градинка/

Проект за изградба на нов спортски центар : 
https://sutoorizari.gov.mk/2019/01/18/проект-за-изградба-на-нова-спортска-са/