mk_MK mk_MK

Новогодишен настан: ,,БАТАЛИ ПАЗАР, ДОЈДИ НА НОВОГОДИШЕН БАЗАР ” во О.У. Браќа Рамиз и Хамид

Денеска, Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш присуствуваше на новогодишен настан : ,,Батали Пазар, Дојди на Базар”  во О.У. Браќа Рамиз и Хамид, по повод на новогодишните празници.

Настанот се одржа во холот на училиштето и беше проследен со театарска престава.

За време на настанот на Градоначалникот Курто Дудуш му беше врачена благодарница за континуираните напори и конкретните заложби со цел обезбедување на подобри услови за учење, реализација на клучни проекти, реконструкција на спортската сала во училиштето, реконструкција на училниците и обезбедување на smart табли во училиштето.

На настанот присустваа родители, претставници на локалната самоуправа и ученици.