Demo Blog With Map

ЗАПОЧНА МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

Општина Шуто Оризари во соработка со ЈП Комунална хигиена спроведе масовна акција на чистење главни, споредни улици и локални депонии. Акцијата опфати метење, машинско миење на улици, расчистување на локални депонии и останати мерки во делот за подобрување на јавната чистота и подобрување на животната средина. Особено значење се даде на локациите околу основните училиштата, средното училиште на територија на ...

Прочитај повеќе »

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ВО О.У. БРАЌА РАМИЗ И ХАМИД

Основното училиште ,, Браќа Рамиз и Хамид” спроведе еколошка акција за расчистување на површините и локацијата околу училиштето. Предводник на оваа еколошка акција беа учениците во поддршка на Градоначалникот Курто Дудуш и Претседателот на Совет на Општина Шуто Оризари. Оваа училишна посета имаше за цел да ја потенцирана важноста од чистата животната средина и еколошката совесност кај сите граѓани. Општина ...

Прочитај повеќе »

Поставување на нови врати во училниците и реновирање на ѕидови во О.У. Браќа Рамиз и Хамид

Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) со соработка со Општина Шуто Оризари и основното училиште ,,Браќа Рамиз и Хамид” изведуваат – ,, Поставување на нови врати во училниците и реновирање на ѕидовите”. УСАИД учествува со вкупен буџет од 1.330.300 денари, а учеството на локалната заедницата е во износ од 4.249.200 денари. Изведувач на оваа активност е АНОЛ-ИМПЕКС, Скопје и ...

Прочитај повеќе »

Првачињата од О.У. Браќа Рамиз и Хамид дадоа свечена заклетва во рамки на светската детска недела

Првачињата од О.У. Браќа Рамиз и Хамид во рамки на одбележување на детската недела дадоа свечена заклетва во чест на нивните понатамошни напори за постигнување на повисоки резултати во текот на учебната година. Директорот на О.У. Браќа Рамиз и Хамид во своето излагање истакна дека ваквите настани се одбележуваат во чест на децата и нивните права. О.У. Браќа Рамиз и ...

Прочитај повеќе »

Општина Шуто Оризари учествува на обука за справување со дискриминација и говор на омраза

Општина Шуто Оризари учествуваше на шеснаесетта обука за справување со дискриминација и говор на омраза во организација на Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Министерството за надворешни работи од Норвешка. Обуката беше наменета за државни службеници од локални самоуправи за справување со дискриминација и говор на омраза, а низ истата поминале министерства, агенции, здравствени работници и други. Обуката ...

Прочитај повеќе »

Работилница за јакнење на капацитетите на Советот на млади на Општина Шуто Оризари

Советот на млади на Општина Шуто Оризари ја заврши обуката наменета за јакнење на нивните капацитети во насока на стекнување на подобро знаење за постигнување на повисока видливост во текот на работењето, концептите на анти-дискриминација и родова еднаквост. Обуката заврши со интерактивен семинар за анти-дискриминација, родова еднаквост и практични примери кои треба дополнително да го зајакнат функционирањето на советот. Обуката ...

Прочитај повеќе »

Одбележување на ,,Недела на детето” во Општина Шуто Оризари

Вкупно 291 првачиња од десет паралелки од О.У. Браќа Рамиз и Хамид по повод  – Oдбележување на светската недела на детето, ја посетија локалната самоуправа. Учениците се запознаа со работењето на Општината, со секторите на локалната самоуправа и со Градоначалникот Курто Дудуш кој ги пречекa и им ги објасни своите надлежности. Детската недела се одбележува со цел да се актуелизираат ...

Прочитај повеќе »

Улична реконструкција на дел од ул.Вашингтонска, комплетно на коловозот и тротоари со обележување на хоризонтална и вертикална сигнализација во Општина Шуто Оризари, Скопје

Денеска започна улична реконструкција на ул. Вашингтонска,на потегот од ул. Виничка до ул. ЧеГевара (Во близина кај раскрсницата со средното училиште Шаип Јусуф) во Општина Шуто Оризари. Реконструкцијата опфаќа 1.470 м2 со асфалт за коловозот и 630м2 за тротоарите со бехатон плочки. Градежните работи опфаќаат отстранување на стариот асфалт од тротоарите и коловозот, нанесување на комплетно нов асфалт , поставување ...

Прочитај повеќе »