mk_MK mk_MK

Demo Blog With Map

Ален Умер учествува на Roma Leadership Academy “NICOLAE GHEORGHE” во Полска

Ален Умер претседател на Совет на млади на Општина Шуто Оризари, учествува на првата академија за лидерство “NICOLAE GHEORGHE”, во Полска, Варшава. Академијата се одржува во период од 04.12.-08.12.2019 година, во организација на OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights. Академијата вклучува сет на обуки за стратегиска комуникација, креирање на политики и останати тренинзи кои имаат за цел да придонесат за ...

Прочитај повеќе »

Roma Leadership Academy “NICOLAE GHEORGHE” – Рамиза Сакип, советник за образование учествува на првата ромска академија за лидерство во Варшава, Полска

Рамиза Сакип, советник за образование на Општина Шуто Оризари учествува на првата Roma Leadership Academy која се одржува во период од 04.12.-08.12.2019 година во Варшава, Полска, во организација на OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights. Академијата е дизајнирана со цел да се зајакне знаењето на учесниците за демокрактските институции и заложбите на ОБСЕ во областа на демократско управување. ...

Прочитај повеќе »

Панел Дискусија: Мобилизирање на младински заедници низ различни форми на активизам

Советот на млади на Општина Шуто Оризари учествуваше на панел дискусија за мобилизирање на младински заедници низ различни форми на активизам, во организација на НВО МИР, во Скопје. На настанот учествуваа млади, претставници од Кабинетот на Министерот без ресор,  претставници од општина Шуто Оризари и останати релевантни институции чијашто примарна цел е унапредување на младинското прашање. Селика Аљиљи, потпретседател на локалниот ...

Прочитај повеќе »

Општина Шуто Оризари учествуваше на меѓународна конференција во Варшава за еднаков пристап до квалитетно претшколско образование и грижа на децата Роми и Синти

Советничката за образование на Општина Шуто Оризари Рамиза Сакип, во период од 28-29 Ноември, 2019 година, учествуваше на конференција за промоција на еднаков пристап до квалитетно претшколско образование и грижа на децата Роми и Синти во организација на ODIHR/CPRSI која се одржа во Полска, Варшава. Главна тема на конференцијата беше промоција на еднаков пристап до квалитетно претшколско образование и грижа на ...

Прочитај повеќе »

Нови врати во училниците и реновирање на ѕидовите во О.У. „Браќа Рамиз-Хамид

Општината Шуто Оризари како подржувач на основото училиште О.У.„Браќа Рамиз-Хамид“ започна со реализирање на проектот за Поставување на нови врати во училниците и реновирање на ѕидовите во О.У.„Браќа Рамиз-Хамид“– Шуто Оризари во Септември, 2019 год. и заврши со техничкиот прием на 25 Ноември 2019 година. Проектот беше подржан од УСАИД и Македонскиот Центар за Граѓанско Образование за меѓуетничка интеграција на ...

Прочитај повеќе »

ИТЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ ПОРАДИ ПАЛЕЊЕ НА ГУМИ

Инспекторатот од секторот за животна средина на Општина Шуто Оризари, денеска по дојава на жители,  веднаш изврши брз инспекциски надзор, при што на лице место, беа констатирани остатоци од стари гуми и комунален смет. При извршување на увидот на состојбата беа повикани полициската станица – Чаир и против пожарна екипа кои сеуште работат на идентификување на одговорните лицата. По утврдување ...

Прочитај повеќе »

Прва работна средба со Совет на родители и наставници од подрачното О.У. Браќа Рамиз и Хамид во с. Горно Оризари

Советничката за образование на Општина Шуто Оризари, Рамиза Сакип вчера одржа работен состанок со Советот на родители од подрачното училиште Браќа Рамиз и Хамид, лоцирано во с. Горно Оризари. На средбата освен родители, присуствуваа и наставнички кои во ова училиште се задолжени за водење на комбинирана образовна програма од прво, второ, трето, четврто и петто одделение. Целта на работниот состанок ...

Прочитај повеќе »

Честит 22 Ноември – Денот на албанската азбука (Dita e Alfabetit)

Денот на албанската азбука (Dita e Alfabetit)  е еден од најзначајните културни настани за албанскиот народ во Р. С. Македонија. На денешен ден (22 номеври) 1908 година, интелектуалци Албанци од Балканот, на Битолскиот конгрес, пред точно 111 години,  ја унифицирале албанската азбука на која се заснова албанскиот јазик. Конгресот се одржа во Битола како безбедно место, но и конзуларен, современ ...

Прочитај повеќе »

Учениците од О.У. Браќа Рамиз и Хамид ја подржаа Конвенцијата за правата на децата и Светскиот ден на детето

Учениците од О.У. Браќа Рамиз и Хамид присуствуваа на манифестацијата по повод одбележување на Светскиот ден на детето  под организација на Народниот Правобранител и Коалицијата на младински организации ,,СЕГА”. Воедно, со оваа манифестација беа одбележани 30 години од Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на детето и заштита на детето на меѓународно ниво. Конвенцијата на Обединетите Нации е клучен документ ...

Прочитај повеќе »

Градоначалникот Курто Дудуш е добитник на наградата ,,Најпријателски ромски градоначалник” за 2019 година

Градоначалникот Курто Дудуш е добитник на наградата ,, Најпријателски ромски Градоначалник” за 2019 година. Наградата ,,Најпријателски ромски Градоначалник” му беше врачена денеска на церемонијата која што се одржа во Еврoпскиот парламент во Брисел, од претставници на Европската комисија и Европскиот парламент, во рамки на проектот ,, Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција”. Проектот ...

Прочитај повеќе »