mk_MK mk_MK

Градоначалникот Курто Дудуш подели 170 новогодишни пакетчиња во детската градинка ,,8ми Април”

Денеска Градоначалникот Курто Дудуш присуствуваше на новогодишна приредба во детската градинка ,,8-ми Април” . Новогодишната програма на приредбата беше подржана со партиципативно учество на неколку претставници од локалната самоуправа.

На настанот Градоначалникот Курто Дудуш ги испрати своите честитки до децата и нивните родители и подели вкупно 170 новогодишни пакетчиња.

Претходната година, општина Шуто Оризари, во насока на унапредување на условите во предучилишното образование по повод на акцијата Новогодишен Економски форум : ,,Биди фраер и донирај прочистувач” донираше прочистувачи за воздух во секој просторија на градинката.