mk_MK mk_MK

ДЕЦАТА НА ЛОКАЛНИТЕ КОМУНАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ ДОБИЈА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА

Во пресрет на новогодишните празници, денеска Претседателката на Совет на Општина Шуто Оризари – Фатима Османовска им подели новогодишни пакетчиња на децата на локалните комунални работници.

Оваа година локалната самоуправа со над 100 новогодишни пакетчиња се потруди да ги израдува децата на комуналните работници од Шуто Оризари.

При оваа посета Општина Шуто Оризари ја повтори својата општествената одговорност со хумана мисија за континуирана грижа кон децата.

По повод на новогодишните празници, годинава беа поделени над 900 новогодишни пакетчиња на територија на Општина Шуто Оризари.