mk_MK mk_MK

Градоначалникот Курто Дудуш подели над 200 новогодишни пакетчиња во О.У. ,,26 Јули”

Градоначалникот Курто Дудуш, денеска во пресред на новогодишните празници подели вкупно 265 новогодишни пакетчиња во О.У. ,,26 Јули”.

Новогодишни пакетчиња добија првооделенците од македонска и албанска наставна програма.

Локалната самоуправа секоја година во контиуитет и со голема масовост подарува новогодишни пакетчиња на учениците од основните училишта со цел разубавување на предпразничниот период и продлабочување на веќе воспоставената соработка со локалните училишта.