mk_MK mk_MK

Чиста животна средина

Правото на чиста и здрава животна средина е фундаментално граѓанско право и претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот. Секој жител има обврска да го штити, чува и унапредува екосистемот во кој што живее.

Општина Шуто Оризари  создава планови и програми за зголемување на капацитетите и професионалните услуги на локално ниво на јавните комунални претпријатија, работи на чистење на депониите, создавање на атмосферска и фекална канализација, колекторски системи и третман на комуналниот отпад. Општина Шуто Оризари ги зголеми капацитетите на службите за комунална хигиена, ја зголеми фреквенцијата на службите со цел почеста колекција на отпадот и дава напори за подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Општина Шуто Оризари има за цел да создаде Општина според сите еколошки стандарди преку поголем аранжман, посветеност и теренска работа.

Општина Шуто Оризари од следната година ќе спроведува посебна Програма за заштита на животна средина и природата.

Поврзани линкови:

Програма за заштита на животна средина:
 ПРОГРАМА PA ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДАТА ЗА 2019 ГОДИНА

Проект за изградба на детски парк – Тип 1: 
https://sutoorizari.gov.mk/2019/01/18/изградба-на-детски-парк-2/

Проект за изградба детски парк – Тип 2: 
https://sutoorizari.gov.mk/2019/01/18/проект-за-изградба-детски-парк-1/