mk_MK mk_MK

Вредности

Културни вредности

Културните вредности се важни за личното достоинство на секоја личност, за опстанокот на довербата меѓу луѓето и истите се одржуваат низ долг временски период. Општина Шуто Оризари важи за место каде што може да се види ромскиот идентитет практикуван преку ромската култура и традиција. Ромите во Шуто Оризари го зборуваат ромскиот јазик, тие не се асимилирани и истиот го изучуваат како наставен предмет. Општина Шуто Оризари има свои симболи : грб и знаме во боите на ромското знаме.

Европски вредности

Oпштина Шуто Оризари работи на доближување на европските вредности до граѓаните, особено до младите.
Општина Шуто Оризари се залага за зачувување на зелените површини, намалување на отпадот, чиста животна средина, чиста вода за пиење, овозможува на достоинствени услови за живеење, квалитетно образование и воспитание преку изградба на градинки и реконструкција на училишта.

Вредности на толеранција

Во Шуто Оризари покрај што доминираат жители припадници на ромската етничка заедница, живеат и припадници од останати етникуми. Затоа Општина Шуто Оризари негува вредности на толеранција, почит и меѓусебно разбирање во цел живеење во хармонично општество.

Вредности на демократичност

Ваквиот систем на вредности е прифатлив, но во никој случај не подразбира злоупотреба на туѓите права и слободи.