mk_MK mk_MK

Градоначалникот Курто Дудуш подели над 900 новогодишни пакетчиња во Општина Шуто Оризари

Градоначалникот Курто Дудуш во пресрет на новогодишните празници подели над 900 новогодишни пакетчиња во Општина Шуто Оризари.

Вкупно 170 новогодишни пакети беа поделени во детската градинка ,,8-ми Април”. Учениците од прво одделение во О.У. ,,Браќа Рамиз и Хамид” добија 380 пакетчиња, а учениците од О.У. ,,26 Јули” (од македонска и албанска наставна програма) добија 265 новогодишни пакетчиња.

Исто така, за децета на локалните комунални работниците во општината беа издвоени 130 новогодишни пакетчиња.

Општина Шуто Оризари со партиципативно учество, во рамки на основните училишта на територија на општина Шуто Оризари, ги подржа сите новогодишните настани со намера одбележување на празничниот период во општината.