mk_MK mk_MK

Честит 22 Ноември – Денот на албанската азбука (Dita e Alfabetit)

Денот на албанската азбука (Dita e Alfabetit)  е еден од најзначајните културни настани за албанскиот народ во Р. С. Македонија.

На денешен ден (22 номеври) 1908 година, интелектуалци Албанци од Балканот, на Битолскиот конгрес, пред точно 111 години,  ја унифицирале албанската азбука на која се заснова албанскиот јазик.

Конгресот се одржа во Битола како безбедно место, но и конзуларен, современ и културен центар.

Албанската азбука се заснова на латиница, 36 букви, два дијалекти и го говорат околу 6 милиони луѓе.

Општина Шуто Оризари ги негува вредностите на толеранција, почит, меѓусебно разбирање, вредностите на мултиетничност и мултикултурната интеграција со цел градење на хармонично општество.

Општина Шуто Оризари на сите припадници од албанската етничка заедница им го честита 22 Ноември – Денот на  Албанската Азбука.

Честит 22 Ноември !

111 години од постоењето на Албанската азбука!