mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари учествуваше на меѓународна конференција во Варшава за еднаков пристап до квалитетно претшколско образование и грижа на децата Роми и Синти

Советничката за образование на Општина Шуто Оризари Рамиза Сакип, во период од 28-29 Ноември, 2019 година, учествуваше на конференција за промоција на еднаков пристап до квалитетно претшколско образование и грижа на децата Роми и Синти во организација на ODIHR/CPRSI која се одржа во Полска, Варшава.

Главна тема на конференцијата беше промоција на еднаков пристап до квалитетно претшколско образование и грижа на децата Роми и Синти (“Promoting Equal Access to Quality Early Childhood Education and Care services for Roma and Sinti Children”) преку преглед на тековната состојба во образованието и предизвиците во пристапот до квалитетно претшколско образование и грижа.

На настанот беа идентификувани важни образовни практики кои се неопходни за обезбедување на еднаков пристап до предучилишно образование,  запишување и последователно транзитирање во основно училиште каде се имплементира квалитетна настава во несегрегирана средина. Воедно, се истакна важноста и потребата од континуирана работата со родителите и подигнување на нивната свест преку спроведување на информативни кампањи на локално ниво.

Советничката за образование на Општина Шуто Оризари ја презентираше образовната дејност во рамки на општина Шуто Оризари која се спроведува преку нејзините образовни институции и даде клучни препораки за подобрување на вклученоста на децата Роми во претшколско образование.

На конференцијата учествуваа претставници од вкупно 22 институции на меѓународно ниво вклучувајќи претставници од Советот на Европа, универзитети од Варшава, универзитетот Харвард, невладини организации, фондации, фондови, министерства, општини и останати релевантни институции.