mk_MK mk_MK

ИТЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ ПОРАДИ ПАЛЕЊЕ НА ГУМИ

Инспекторатот од секторот за животна средина на Општина Шуто Оризари, денеска по дојава на жители,  веднаш изврши брз инспекциски надзор, при што на лице место, беа констатирани остатоци од стари гуми и комунален смет.

При извршување на увидот на состојбата беа повикани полициската станица – Чаир и против пожарна екипа кои сеуште работат на идентификување на одговорните лицата.

По утврдување на идентитетот на одговорните лица, кон нив, ќе бидат преземени соодветни казнени мерки.