mk_MK mk_MK

Засадени 20 нови висококвалитетни дрвја во паркот на Шуто Оризари

Денеска во паркот на Општина Шуто Оризари беше спроведена акција за засадување дрвја. Беа засадени 20 висококвалитетни дрвја комбинација на јавор и туја од типот на Chaminciparis ivone(златно-зелени садници).

Во акција се вклучи и Градоначаникот на Општината Курто Дудуш, кој ја подржа иницијативата за зазеленување на општината.

Спроведената акција, одговара на потребата од озеленување на повеќе јавни површини за заштита на животната средина и намалување на загадениот воздух. Општина Шуто Оризари во рамки на нејзината надлежност континуирано подржува, учествува и спроведува еко- акции за почист воздух, особено во овој период од годината.