mk_MK mk_MK

Нови врати во училниците и реновирање на ѕидовите во О.У. „Браќа Рамиз-Хамид

Општината Шуто Оризари како подржувач на основото училиште О.У.„Браќа Рамиз-Хамид“ започна со реализирање на проектот за Поставување на нови врати во училниците и реновирање на ѕидовите во О.У.„Браќа Рамиз-Хамид“– Шуто Оризари во Септември, 2019 год. и заврши со техничкиот прием на 25 Ноември 2019 година.

Проектот беше подржан од УСАИД и Македонскиот Центар за Граѓанско Образование за меѓуетничка интеграција на младите во образованието под Компонентата 3 – Стимул на училишта/реконструкција.
Општината Шуто Оризари и основното училиште „Браќа Рамиз-Хамид“ беа вклучени и придонеле во следните активности : складирање на градежниот шут на локација одредена од општината, реконструкција на кров на училишната зграда ,демоинтажа на стариот под во две училници на два кабинети и чистење на училиштето по завршување на работите.

Од страна на УСАИД и Македонскиот Центар за Граѓанско Образование во О.У.„Браќа Рамиз-Хамид“ беа вклучени набавката, изработката транспортот, демонтажата и монтажата на 38 внатрешни врати за училници.

Во с. Горно Оризари беше вклучена набавка, транспорт, демонтажа и монтажа на влезна врата во с.Горно Оризари изработена од алуминиумски профил. Набавка, транспорт и крпење на оштетени ѕидови околу ново воспоставените врати и прозори за 828 m2, набавка, транспорт и изведба на молеро-фарбарски работи во целото училиште (тавани и ѕидови) со поликолор од 1800m2.

Набавка, транспорт и боење со мрсна боја до 1,2 метри, висина на ѕидот (еколошки бои) од 420 m.
Набавка, транспорт и изработка на под ПВЦ со екстремна заштита од ролна со дијаметар од 2,5 мм со ќош лајсни од медијапан, вклучително и олма и корекција на цементна кошулка во училници.