mk_MK mk_MK

Прва работна средба со Совет на родители и наставници од подрачното О.У. Браќа Рамиз и Хамид во с. Горно Оризари

Советничката за образование на Општина Шуто Оризари, Рамиза Сакип вчера одржа работен состанок со Советот на родители од подрачното училиште Браќа Рамиз и Хамид, лоцирано во с. Горно Оризари.

На средбата освен родители, присуствуваа и наставнички кои во ова училиште се задолжени за водење на комбинирана образовна програма од прво, второ, трето, четврто и петто одделение.

Целта на работниот состанок беше запознавање со условите во кои учат децата од ова подрачно училиште, размена на информации и контакти со цел воспоставување на поефективна комуникација меѓу родителите, наставниците, училиштето и локалната самоуправа.

Една од наставничките на средбата посочи дека за прв пат се случува, претставник задолжен за образование, од локалната самоуправа, да го посети училиштето Браќа Рамиз и Хамид лоцирано во с. Горно Оризари.

Советот на родители до советничката ги посочија потребите на учениците и условите за изведување на наставна програма кои треба да се подобрат со цел поефективно функционирање на училиштето.

Работниот состанок заврши со сумирање на потребите и предлозите дадени од Советот, за кои од страна на општината, ќе бидат превземени идни напори за нивно побрзо решавање.