mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари учествува на комеморацијата ,, DIKH HE NA BISTER’’ во Полска

Општина Шуто Оризари учествува на настанот ,, DIKH HE NA BISTER’’ во Краков, Полска по повод  75 годишнината од геноцидот на ромите.

Настанот го организира Советот на Европа, младинската мрежа ,, Ternipe’’ и Документарениот центар на Синти и Роми.

Целта на настанот е подигне свеста во Европа, особено меѓу младите Роми и не-Роми за настанатиот геноцидот на ромите, со цел изнаоѓање на механизми за справување со расизмот, говорот на омраза, антициганизмот и екстремизмот насочен кон Ромите.

,, DIKH HE NA BISTER’’ е интернационален настан во кој се мобилизираат млади роми од Европа, активисти и невладини организации по повод – Комеморација на 2 Август, Денот на Холокаустот на Ромите.

Локалната самоуправа положи цвеќе во чест на загинатите роми.