mk_MK mk_MK

Склучен меморандум за изготвување на локална младинска стратегија во Шуто Оризари

Градоначалникот Курто Дудуш во рамки на проектот ,, Активни и вклучени млади” го потпиша меморандумот за соработка со З.Г. Ромаверзитас со цел изготвување на локална младинска стратегија. Проектот е подржан од Европската унија, а спроведуван од Младинскиот образовен форум, Центарот за балканска соработка -Љоја и Младинскиот сојуз Крушево.

Целта на овој меморандум е да се поттикнат младите да бидат активни за младински прашања, во процеси за креирање на политики, поттикнати и подржани за нивно вклучување во форми на младинско организирање преку соработка меѓу Општина Шуто Оризари и Здружение на граѓани Ромаверзитас.

Согласно потпишаниот меморандум, истоимената организација ќе координира процес на креирање на локална младинска стратегија, ќе координира и спроведува работилници како и анализа за потребите и проблемите на младите од Шуто Оризари.

Воедно Ромаверзитас ќе формира работни групи од засегнати страни и ќе го финализира процесот со организирање на јавна расправа за драфт локалната младинска стратегија по што ќе поднесе и предлог – локална младинска стратегија до органите на локалната самоуправа.

Општина Шуто Оризари во рамки на Советот на млади и во насока на унапредување на младинското прашање ќе обезбеди поддршка во процесот на изготвување на локална младинска стратегија во рамки на проектот ,, Вклучени и активни млади ”, преку обезбедување на просторни и човечки капацитети при имплементација на работните групи за изготвување на стратегијата.

Локалната самоуправа ќе ја разгледа првата верзија од младинската стратегија и ќе постапи на начин утврден согласно статутот.

Општина Шуто Оризари нуди континуирана и отворена соработка со цел пристап до достоинствени услови за младите во Шуто Оризари.