mk_MK mk_MK

Demo Blog With Map

Срџан Амет, по повод 23 години Општина Шуто Оризари: Со новата индустриска зона стануваме поатрактивни за нови инвеститори, работни места и пристојни плати

По 23 години од постоењето на Општина Шуто Оризари, локалниот економски развој за прв пат, стана приоритетна област во борбата против високата невработеност и сиромаштија. Како прв чекор во намалување на невработеноста, ја започнавме првата фаза од оформување на првиот економско-социјален совет со што ромската заедница економски ја зајакнуваме за отпочнување на сопствен бизнис и самовработување. Со проектирање на новата ...

Прочитај повеќе »

Обраќање на Курто Дудуш по повод одбележување на 23 години постоење – Општина Шуто Оризари

Почитувани граѓани, пратеници, министри, невладини организации, медиуми, претставници на дипломатски кор и меѓународни мисии, почитувани пријатели и присутни гости, Повеќе од две декади вложуваме и се залагаме, за подобра инфраструктура, образование, домување, економски развој и просперитет, во сите сфери за подобра иднина на нашите сограѓани. Заедно и здружено, се залагаме за унапредување и заштита на децата, младите, жените, пензионерите, за ...

Прочитај повеќе »

КУРТО ДУДУШ: Нека ни е честит 23-от роденден на Општина Шуто Оризари!

По повод 23 години постоење, Oпштина Шуто Оризари организираше настан на кој учествуваа високи владини претставници, меѓународни мисии, здруженија на граѓани, институции, медиуми и граѓани. Настанот го отвори Градоначалникот Курто Дудуш кој во своето обраќање зборуваше за тековни и идни проекти. На настанот се обратија раководителот на локален економски развој г-н Срџан Амет, г-н Ѓунер Абдула, кој во изминатите години ...

Прочитај повеќе »

Општина Шуто Оризари се подготвува за Денот на Општината

Општина Шуто Оризари се подготвува за одбележување на Денот на Општината. Настанот ќе се одржи денеска во 19:00 часот, во Мевче Палас во Шуто Оризари. На настанот се поканети владини претставници, меѓународни мисии, локални медиуми, институции и здруженија на граѓани. Градоначалникот Курто Дудуш ќе додели плакети за придонес во развојот на ромската заедница.

Прочитај повеќе »

Курто Дудуш: Најгорд градоначалник сум што ќе ја имаме најмодерната, европска, енергетски ефикасна детска градинка

Изградбата на последната фаза на градинката „8ми Април“ во Шуто Оризари е во завршна фаза. На простор од 1200 м2, градинката има сосем нов лик според сите светски стандарди за згрижување на деца од предучилишна возраст. Новиот објект дирекно ќе помогне на повеќе од 200 семејства, претежно од ромска националност, чии што деца од 2 до 5 години се вклучени ...

Прочитај повеќе »

Поделени 100 училишни ранци со училишен прибор за почетокот на учебната година во О.У. 26 Јули

НВО Класја на добрина во соработка со Општина Шуто Оризари подели вкупно 100 ранци со училишен прибор во О.У. 26 Јули. Проектната активност во рамки на проектот ,, Да им овозможиме успешна настава на децата” е целосно поддржан од НВО Класја добрина и се реализира петта година по ред. На овој настан присуствуваше Градоначалникот Курто Дудуш, директорот на основното училиште ...

Прочитај повеќе »

Прием на првачиња во О.У. Браќа Рамиз и Хамид

Денеска учебната година во О.У. Браќа Рамиз и Хамиз почна со прием на првачиња. На приемот присуствуваше градоначалникот Курто Дудуш, советничката за образование Рамиза Сакип,  директор Алвин Салимовски, заменик директорката Санела Емин и стручната служба на училиштето. Градоначалникот Курто Дудуш, во своето излагање напомена дека општината е отворена за нудење поддршка при надминување на сите предизвици во текот на образованието. ...

Прочитај повеќе »

УЛИЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ИНДИРА ГАНДИ КРАК 31 ВО ВИЗБЕГОВО

Општина Шуто Оризари во соработка со град Скопје ја започна реконструкцијата на улица Индира Ганди крак 31 во Визбегово. Улица Индира Ганди крак 31 е една од најдолгите улици со должина од 1 км. Градоначалникот Петре Шилегов уште по првиот повик за потребата од улична реконструкција активно се ангажирал за отпочнување со градежните работи, иако улицата не е под директна ...

Прочитај повеќе »

Советот на млади ја заврши финалната работилница за подготовка на основни документи

  Советот на млади на Општина Шуто Оризари, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт, ја заврши финалната работилница за подготовка на основни документи. Обуката започна со пленарна сесија за вовед во младински политики и младинско учество, по што разработија генерални документи за нивната работа. Советот на млади ги утврдува основните документи неопходни ...

Прочитај повеќе »