mk_MK mk_MK

Курто Дудуш: Денеска се сеќаваме на 75 години од Холокаусот на Ромите ! Да не заборавиме! Никогаш да не се повтори геноцидот врз Ромите !

Почитувани сограѓани,

Денеска се сеќаваме и одбележуваме 75 години од Холокаусот на Ромите.
Ромите беа ограбувани од правото на еднаквост само поради тоа што беа Роми.

Нацистичката идеологија за ,, расно супериорна’’ нација, неаргуметирано истреби 250 000 – 500 000 роми поради ,, антисоцијалното и криминалното однесување’’.

Ромите, Евреите, Полјаците, лицата со физички недостаток, полициските затвореници, ЛГБТ беа ,,проблем’’ кој што требаше да се отстрани поради радикална идеолошка основа.

Во историјата има многу податоци за Холкаустот. Сепак, меѓу сите тие, многу мал дел се насочени токму кон начинот на кој Ромската популација е систематски убивана за време на Втората Светска Војна. Каде што Ромите жртви заслужуваат да се споменат, тоа е обично не повеќе од забелешка: Ромите се гледаат како една од “дополнителните групи”, кои претрпеа во тоа време… Ромите не беа „допилнителна група“, тие беа една од клучните целни групи за целосна елиминација од нацистите. До крајот на војната, големината на ромската популација се смета дека беше дури 80% од она што беше на почетокот. Геноцидот на Ромите се спроведе во сите земји во Европа за време на Втората Светка Војна.

Човековиот одговор на болката и страдањето на другите е да се признае страдањето и да се обиде да се поправи продолжувањето на штетата. За преживеаните од холокаустот, за семејствата на преживеаните и семејствата на оние кои загинале, она што општеството во најмала рака може да го направи е да не заборавиме.

Ние направивме избор да се ослободиме од бариерите и границите на минатото време и носиме одлуки значајни за иднината на новите генерации.

Ромскиот јазик, нашата култура, традиција, празници и историја се сегменти кои го градат современиот мултикултурализам. Денеска, Ромите се граѓани кои се образуваат, работат и интегрираат согласно правните норми на државата. Свесни сме за нашите предизвици и затоа, заедно се бориме за економска сигурност, општествена еднаквост, стабилност и пристап во сите сфери.

Уверени сме дека човечкиот идентитет е човеково право и суштествен елемент во секое слободно отштество.
Заедно се сеќаваме и не го забораваме најмрачниот сегмент од историјата Ромите – холокаустотот. Нашата сплотеност во одбележувањето на овој ден е основа во борбата за еднакви права и човекови слободи.

На крај, да го впериме погледот кон новите генерации, нашата младина и интелектот кој го поседува бидејќи заедно имаме должност преку научени лекции да им обезбедиме подобра иднина и општество со можности и демократски вредности.

Да не заборавиме! Никогаш да не се повтори!

Со почит,
Курто Дудуш
Градоначалник на Општина Шуто Оризари