mk_MK mk_MK

Поделени 250 хуманитарни пакети со храна по повод Курбан Бајрам во Шуто Оризари

Хуманитарната организација Kalliri Miresise во соработка со Општина Шуто Оризари додели вкупно 250 хуманитарни пакети со храни во рамки на проектот ,, Курбан Бајрам”.

Хуманитарната организација Kalliri Miresise која е со седиште во Скопје, повеќе од десет години работи на обезбедување на социјална поддршка преку донација на храна, облека, хигиенски средства, поддршка при образование и организирање на различни активности како екскурзии и кампови за социјално најзагрозените семејства.

Општина Шуто Оризари се приклучи при имплементирање на оваа акција со поддршка за промоција на хуманост, солидарност и заедништво по повод на големиот муслимански празник Курбан Бајрам .

Локалната самоуправа обезбеди логистичка и организациска поддршка преку ангажирање на сопствени човечки ресурси при спроведување на акцијата.

Хуманитарната акција беше поздравена од Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш кој присуствуваше на настанот. Воедно, тој повика кон ориентираност за создавање на меѓусебно почитување преку заеднички влог со организации кои се фокусираат на социјален развој, грижа и соработка за унапредување на социјалната состојба.