mk_MK mk_MK

Новости

Практикантите на НВО Ромаверзитас на средба со Претседателот на Совет на Општина Шуто Оризари – Фатима Османовска

  Практикантите во Општина Шуто Оризари во рамки на проектот ,, Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високо образование и транзиција на пазарот на трудот”  преку компонентата практиканство имаа можност лично да се запознаат со Претседателот на Совет на Општина Шуто Оризари – Фатима Османовска. Тие се запознаа со работата и надлежностите на Советот, комисиите кои се формираат ...

Прочитај повеќе »

Општина Шуто Оризари присуствува на одбележувањето на Илинден во Крушево

Општина Шуто Оризари прусуствува на одбележувањето на Денот на Републиката – Илинден во Крушево. Градоначалникот Курто Дудуш во придружба на неколку советници од Општина Шуто Оризари положи цвеќе во чест на овој важен национален празник. За време на настанот беше испратена порака за обединување и патриотизам.

Прочитај повеќе »

Општина Шуто Оризари учествува на комеморацијата ,, DIKH HE NA BISTER’’ во Полска

Општина Шуто Оризари учествува на настанот ,, DIKH HE NA BISTER’’ во Краков, Полска по повод  75 годишнината од геноцидот на ромите. Настанот го организира Советот на Европа, младинската мрежа ,, Ternipe’’ и Документарениот центар на Синти и Роми. Целта на настанот е подигне свеста во Европа, особено меѓу младите Роми и не-Роми за настанатиот геноцидот на ромите, со цел ...

Прочитај повеќе »

Курто Дудуш: Денеска се сеќаваме на 75 години од Холокаусот на Ромите ! Да не заборавиме! Никогаш да не се повтори геноцидот врз Ромите !

Почитувани сограѓани, Денеска се сеќаваме и одбележуваме 75 години од Холокаусот на Ромите. Ромите беа ограбувани од правото на еднаквост само поради тоа што беа Роми. Нацистичката идеологија за ,, расно супериорна’’ нација, неаргуметирано истреби 250 000 – 500 000 роми поради ,, антисоцијалното и криминалното однесување’’. Ромите, Евреите, Полјаците, лицата со физички недостаток, полициските затвореници, ЛГБТ беа ,,проблем’’ кој ...

Прочитај повеќе »

Проект за училишно реновирање, меѓуетничка кохезија и промоција на граѓанската култура во Шуто Оризари

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш го потпиша меморандумот за проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието кој ќе се спроведува во Шуто Оризари. Проектот е имплементиран во соработка меѓу Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и Македонскиот центар за граѓанско образование. Согласно потпишаниот меморандум, трите главни компоненти на проект се зајакнување на меѓуетничката кохезија, ...

Прочитај повеќе »

Склучен меморандум за изготвување на локална младинска стратегија во Шуто Оризари

Градоначалникот Курто Дудуш во рамки на проектот ,, Активни и вклучени млади” го потпиша меморандумот за соработка со З.Г. Ромаверзитас со цел изготвување на локална младинска стратегија. Проектот е подржан од Европската унија, а спроведуван од Младинскиот образовен форум, Центарот за балканска соработка -Љоја и Младинскиот сојуз Крушево. Целта на овој меморандум е да се поттикнат младите да бидат активни ...

Прочитај повеќе »

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИ ВО СОРАБОТКА СО ГРАД СКОПЈЕ

Во рамки на акцијата за генерално чистење на Град Скопје, денеска беа исчистени неколку улици во Шуто Оризари. Град Скопје во соработка со Општина Шуто Оризари и јавните градски претпријатија спроведе масовно чистење, односно машинско миење на улиците, метење и расчистување на кабаст отпад. Денеска во Шуто Оризари се поставени контејнери на три пункта за одлагање на кабаст отпад каде ...

Прочитај повеќе »

Прва ориентациона средба на Економско-Социјалниот Совет на Oпштина Шуто Оризари

Раководителот на локалниот економски развој Срџан Амет ја свика првата ориентациона средба на Економско-Социјалниот Совет на Општина Шуто Оризари. На средбата беа повикани претставници oд Центарот за социјална работа во Општина Шуто Оризари, претставници од граѓанскиот сектор, од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, бизнис секторот и младинскиот совет. Согласно Статутот на Општина Шуто Оризари можат да се формираат локални совети ...

Прочитај повеќе »

Доделени 2,79 милиони денари за изградба на детски парк во Шуто Оризари

Градоначалникот Курто Дудуш го потпиша грандот во висина од 2,79 милиони денари, наменети за изградба на детски парк во Општина Шуто Оризари. Средствата се доделени во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги-МСИП кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка. Детскиот парк ќе располага со вкупна површина од 1.500 метри квадратни. Во истиот се планираат детски ...

Прочитај повеќе »

Општина Шуто Оризари положи цвеќе во чест на загинатите од земјотресот

Градоначалникот Курто Дудуш во придружба на делегација од Општина Шуто Оризари положи цвеќе на градските гробишта во Бутел  пред споменикот на загинатите од земјотресот во 1963 година во Скопје. На комеморацијата присуствуваа домашни и странски делегации, делегации на политички партии и локални самоуправи. Денеска се одбележуваат 56 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој се случи на 26 јули 1963 ...

Прочитај повеќе »