mk_MK mk_MK

Новости

Акција за расчистување на отпадот во с. Визбегово

  Градоначалникот Курто Дудуш во соработка со општина Бутел започнаа со расчистување на дивата депонија во с. Визбегово. Веќе подолго време на подрачјето на с.Визбегово, се случува еколошка катастрофа која емитира непријатна миризба во вечерните и утринските часови. Општина Шуто Оризари, во заеднички општина Бутел ќе работат на расчистување на депонијата со цел обезбедување на чиста и здрава животна средина. ...

Прочитај повеќе »

Транснационално организирање на Ромите и одбележување на сериските напади на Ромите во Шуто Оризари

Градоначлникот Курто Дудуш оствари средба со г-дин Акиф Кариман од Здружението за јакнење и организирање на ромската заедница и член на транс-националниот тим за поддршка на организирано делување на Ромите во Европа. На средбата се разговараше за тековните политички случувања во Европа и Македонија и позицијата на Ромите во тој контекст. Исто така, беше дискутирана  потребата од воспоставување на соработка со ...

Прочитај повеќе »

Донесена е ОДЛУКА за отварање на Полициско Одделение во Шуто Оризари

Советот на Општина Шуто Оризари донесе Одлука за отворање на полициско одделение и Одлука за отстапување на објект во сопственост на општина Шуто Оризари заради отворање на Полициско одделение на МВР. Советот на општина Шуто Оризари поради зголемениот број на нарушувања на јавниот ред и мир, зголемената фреквенција  на посетители на пазарот, како и поради сообраќајниот метеж на главната улица ...

Прочитај повеќе »

Зголемување на безбедноста и довербата во институциите преку соработка меѓу граѓаните, локалната самоуправа и МВР

Советничката за образование Рамиза Сакип од Општина Шуто Оризари во соработка со НВО СОС Детско село со цел за зајакнување на довербата во институциите преку соработка меѓу граѓаните, локалната самоуправа и МВР оствари средба со граѓаните од Шуто Оризари. Љупчо Велковски од полициска станица Чаир кој присуствуваше на средбата истакна дека уште во јануари се прошири информацијата за наводно киднапирање на ...

Прочитај повеќе »

Средба за зајакнување на довербата во институциите преку соработка меѓу граѓаните, локалната самоуправа и МВР

Советникот за образование на општина Шуто Оризари Рамиза Сакип и Љупчо Велковски од полициската станица Чаир, во соработка со НВО Амбрела одржаа средба со граѓаните од Прифатниот Центар во Шуто Оризари во врска со обидите за киднапирање и немилиот настан на 28 јануари. Целта на овие средби е да разбие стравот и срамот за пријавување на евентуален обид за киднапирање, ...

Прочитај повеќе »

Општина Шуто Оризари со донација во спортска опрема за Б.К. ,,Ternipe”

Во рамки на континуирана соработка и поддршка на спортот во Шуто Оризари, општината донираше спортска опрема на Боксерскиот Клуб ,, Ternipe”. Со оваа донација се надмина проблемот со недостиг на опрема за спортски вештини потребна за континуирано усовршување. Општина Шуто Оризари во изминатиот период покрај опрема, додели и плакети за особен придонес во спортот на свечена седница на Советот. Општината ...

Прочитај повеќе »

Санација и асфалтирање на повеќе улици во Шуто Оризари

Во општина Шуто Оризари се одвива санација и асфалтирање на локални улици како дел од веќе најавените проектни активности за улична реконструкција. Вчера заврши крпењето на постојните дупки на потегот на булеварот Македонска Косовка Бригада, а во тек е санација на асфалтот кој бил оштетен како резултат на замрзнатиот колосек во зимскиот период. Најголемиот дел од улиците кои беа оштетени ...

Прочитај повеќе »

Општина Шуто Оризари учествуваше на Првиот Национален Форум за Здравство

Општина Шуто Оризари учествуваше на Првиот Национален Форум на Здравство: Патот до квалитетна и ефикасна примарна здравствена заштита во Република Северна Македонија. Во текот на форумот зема учество премиерот Зоран Заев со свое излагање на темата „Заложбата на Владата  за подобрување на здравјето на граѓаните во насока на остварување на Целите за одржлив развој на Обединети нации “. На форумот ...

Прочитај повеќе »

Висока делегеција од канцеларијата на Ромскиот Образовен Фонд – Будимпешта во посета на општина Шуто Оризари

Делегација од канцеларијата на Ромскиот Образовен Фонд – Будимпешта, ја посети општина Шуто Оризари. За време на разговорите беше презентирана работата на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) во доменот на интеграција и транзиција на високо образованите Роми на пазарот на трудот. Воедно, беа разгледани можностите за изнаоѓање на заеднички точки на соработка, во интерес на младите Роми и Ромската заедница во ...

Прочитај повеќе »

Градоначалникот Курто Дудуш на средба со германски инвеститор на текстилна индустрија

Денеска Градоначалникот Курто Дудуш оствари средба со германски инвеститор на текстилна индустрија. Фирмата ,,Моменте текстил”, во моментов располага со над 70% вработени Роми од Шуто Оризари. Истата фирма, периодов нуди обуки во времетраење од 3-6 месеци, а потоа и можност за вработување. Почетната плата на ново вработените ќе изнесува околу 15,000 (петнаесет илјади) денари. На средбата, беа дискутирани можностите за ...

Прочитај повеќе »