mk_MK mk_MK

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИ ВО СОРАБОТКА СО ГРАД СКОПЈЕ

Во рамки на акцијата за генерално чистење на Град Скопје, денеска беа исчистени неколку улици во Шуто Оризари.

Град Скопје во соработка со Општина Шуто Оризари и јавните градски претпријатија спроведе масовно чистење, односно машинско миење на улиците, метење и расчистување на кабаст отпад.

Денеска во Шуто Оризари се поставени контејнери на три пункта за одлагање на кабаст отпад каде што граѓаните ќе можат да се ослободат од стар мебел, прозори умивалници и слично. Пунктовите се поставени на ул. Брсјачка буна (кај спортската сала), ул. Че Гевара (кај средното училиште ,,Шаип Јусуф”) и ул. Нов Живот (последна 19-ка), и истите ќе им бидат достапни на граѓаните во текот на целиот ден.

Во оваа акција учествуваат сите технички капацитети на Општина Шуто Оризари, сезонските комунални работници заедно со капацитетите на Град Скопје.

По спроведување на акцијата се повикуваат граѓаните да се придржат кон начинот и редот на депонирање на отпадот.