mk_MK mk_MK

Обраќање на Курто Дудуш по повод одбележување на 23 години постоење – Општина Шуто Оризари

Почитувани граѓани, пратеници, министри, невладини организации, медиуми, претставници на дипломатски кор и меѓународни мисии, почитувани пријатели и присутни гости,

Повеќе од две декади вложуваме и се залагаме, за подобра инфраструктура, образование, домување, економски развој и просперитет, во сите сфери за подобра иднина на нашите сограѓани. Заедно и здружено, се залагаме за унапредување и заштита на децата, младите, жените, пензионерите, за сите жители во нашата општина.

Донесовме одлука да им дадеме збор на младите и да ги вклучиме активно во сите процеси за креирање на подобри младински политики преку формирање на локален младински совет за прв пат во нашата општина. Преку Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го зајакнуваме младинското учество, ги подржуваме младите и посветено се ставаме во функција на нивните потреби. Заедно создаваме критична маса која го движи нашето општество храбро и напред. Студентите на Општина Шуто Оризари за прв пат добија читална со што овозможуваме пристап до просторни капацитети за учење и ориентираност кон професионална афирмација и напредок. Капацитетите на младите кадри ги инкорпорираме во општинската администрација со што ја поддржуваме нивната транзиција на пазарот на трудот и директно инвестираме во развојот на нашата општина.
Преземаме мерки за подобруваме на инфраструктурата во училиштата, инвестираме во подобра средина за учење преку училишно реновирање, фокусирано работиме на меѓуетничката интеграција за унапредување на мултикултурализмот и толеранцијата меѓу децата.

Во соработка со Министерството за образование и преку проектот ,, Хигиената е наша лична одговорност’’ вклучивме 36 наставници и 1800 деца при имплементација на 36 мултиетнички работилници во основните училишта. Во завршна фаза е имплементацијата на проектот за изградба на мултифункционална спортската сала со што учествуваме во создавање на здрави навики и платформа за развој на нови спортски таленти. На простор од 1200м2 ја заокружуваме последната фаза од изградбата на новата детска градинка ,,8ми Април’’. Преку Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, УНДП, Министерството за труд и социјална политика, директно им помагаме на повеќе од 200 семејства. Најгорд градоначалник сум што преку изградбата на новата детска градинка ги доближуваме светските практики за предучилишно образование до нашите најмили.

Ја зголемуваме безбедноста и ја враќаме довербата во институциите преку отворена соработка и отворање на полициско одделение во Шуто Оризари. Ги доближуваме клучните актери за обезбедување на мир до граѓаните. Ги вложуваме нашите капацитети за вмрежување со пензионерски здруженија и за унапредување на нивниот статус и правата. Досега, инвестиравме во улична реконструкција и продолжуваме да се залагаме за обезбедување на безбедна и модерна улична инфраструктура на тертиторија на целата општина. Продолжуваме со обезбедување на услови за здрав живот преку проекти за изградба на паркови и зеленило. Преку проектот за подобрување на општинските услуги, Министерството за финансии и Светска банка, инвестираме 3 милиони денари во изградба на детски парк со површина од околу 1500 м2 во три зони.

Самоиницијативно, спроведовме безброј еколошки акции за чистење на отпад бидејќи чистата животна средина е сечија одговорност. Како главен иницијатор спроведовме економски форум под мотото : ‘’Биди фраер и донирај прочистувач,, се поврзавме со мрежа на институции, организации, со бизнис секторот и граѓаните и успеавме да обезбедиме пречистувачи за воздух во детската градинка 8ми Април и во дел од основните училишта на територија на општина Шуто Оризари.
Во тесна соработка со граѓанските здруженија отворивме можност за волонтирање на младите Роми и не-Роми за стекнување знаење преку практика. Од особена важност е да се спомене институализацијата на Центарот за правно зајакнување во Шуто Оризари со што ја олеснуваме комуникацијата меѓу жителите и клучните институции при аплицирање за добивање на детски додаток, образовен додаток, здравствено осигурување и правда пред системот. Со Центарот за правно зајакнување, преземаме мерки за унапредување на здравствените, образовните и социјалните права, бидејќи еднаквиот пристап и квалитетните услуги за сервисирање на потребите на граѓаните се наша заедничка цел.

Во знак на развојот на културата, воспоставивме комуникација и соработка со меѓународни уметници. Се поврзуваме со уметнички друштва и мрежи за размена на искуства, идеи и воспоставување на интеркултурна соработка.
Свесни сме за нашите предизвици кои се големи, но ние остануваме мотивирани и ориентирани кон можности за создавање на подобри перспективи. Почитувани присутни, нашата визија е : ,,Општина Шуто Оризари, се стреми кон позитивни промени. Ние поддржуваме политиката која отвора перспективи за подобрување на социо-економската состојба на најсиромашните.

Нека ни е честит 23-от роденден на Општина Шуто Оризари!