mk_MK mk_MK

КУРТО ДУДУШ: Нека ни е честит 23-от роденден на Општина Шуто Оризари!

По повод 23 години постоење, Oпштина Шуто Оризари организираше настан на кој учествуваа високи владини претставници, меѓународни мисии, здруженија на граѓани, институции, медиуми и граѓани.

Настанот го отвори Градоначалникот Курто Дудуш кој во своето обраќање зборуваше за тековни и идни проекти.

На настанот се обратија раководителот на локален економски развој г-н Срџан Амет, г-н Ѓунер Абдула, кој во изминатите години даде особен придонес во развојот на културата на ромите, директорот на СУГС Шаип Јусуф г-н Доан Сулејмановски, г-н Ален Умер- Претседател на Совет на млади на Општина Шуто Оризари, г-н Енвер Иљаз- претставник на пензионери.

Во културно-музичкиот дел учествуваа Театар Рома и Џеркезовци.
Настанот заврши со доделување на плакати во знак на признание за придонес во ромската заедница.