mk_MK mk_MK

Поделени 100 училишни ранци со училишен прибор за почетокот на учебната година во О.У. 26 Јули

НВО Класја на добрина во соработка со Општина Шуто Оризари подели вкупно 100 ранци со училишен прибор во О.У. 26 Јули.

Проектната активност во рамки на проектот ,, Да им овозможиме успешна настава на децата” е целосно поддржан од НВО Класја добрина и се реализира петта година по ред.

На овој настан присуствуваше Градоначалникот Курто Дудуш, директорот на основното училиште ,,26 Јули” Дритон Ганиу и стручната служба на училиштето кои испратија поддршка при имплементацијата на оваа активност.