mk_MK mk_MK

Домот е еднаквост – Локалната лидерска група во Шуто Оризари посветена на подобри услуги за граѓаните

Вториот состанок на Локалната лидерска група во Шуто Оризари ја потврди желбата на граѓаните и општината за развој на новиот Општински ресурсен центар кој треба да ги обезбеди сите услуги на едно место.
На состанокот одржан на 20 февруари годинава, во Шуто Оризари, Програмата за работа на ресурсниот центар ја презентираше Лилјана Алчева,Заменик директор за Програма во Хабитат Македонија која ја нагласи клучната улога на центарот во поддршката за граѓаните.
Градоначалникот Курто Дудуш рече дека треба да се зајакне учеството на граѓаните во локалниот развој.
Според него клучниот проблем ќе биде согласноста на државните институции да отворат шалтери во ресурсниот центар.
Фатима Османовска информираше дека новиот објект на центарот треба да биде изграден до крајот на август годинава.
Присутните граѓани активно учествуваа во утврдување на приоритети за работа на ресурсниот центар.
На средбата беше одбележан и Светскиот ден на социјална правда на ОН.