mk_MK mk_MK

Зголемување на безбедноста и довербата во институциите преку соработка меѓу граѓаните, локалната самоуправа и МВР

Советничката за образование Рамиза Сакип од Општина Шуто Оризари во соработка со НВО СОС Детско село со цел за зајакнување на довербата во институциите преку соработка меѓу граѓаните, локалната самоуправа и МВР оствари средба со граѓаните од Шуто Оризари.

Љупчо Велковски од полициска станица Чаир кој присуствуваше на средбата истакна дека уште во јануари се прошири информацијата за наводно киднапирање на деца во Шуто Оризари, но засега нема ниту еден пријавен случај. Беше посочено дека и самите родители создаваат паника која создава страв меѓу населението.

Љ. Велковски испрати порака дека секој проблем треба да се изнесе пред надлежните, бидејќи во спротивно нема враќање назад, после влез во кругови кои подразбираат криминогени дејствија.

Имено, децата кои сега се во период на пубертет многу лесно може да завршат со употреба на дроги, крадење и други лоши навики. Затоа превенцијата и раната детекција се од исклучителна важност.

Советничката за образование Рамиза Сакип посочи дека државата, општината и  училиштата имаат механизми за заштита на населението. Локалната самоуправа веќе покрива обезбедување во училиштата на територија на општина Шуто Оризари, а сега истите ќе бидат и униформирани за полесно препознавање од страна на родителите и учениците.

Р. Сакип одржа неколку состаноци со наставниците од училиштата во Шуто Оризари за да понуди отворена соработка во име на општината. Таа испрати порака да се вратат децата на училишните клупи без страв и да се охрабрат граѓаните да пријават секаков сомнителен обиди по нивната безбедност.

Нема потреба и не треба да се остави простор за меѓуетнички конфликти, ниту било каков вид на насилство. Општината е отворена на сите граѓани, за организирање на средби меѓу директорите, децата и родителите за да се превенираат сите деликвентни појави.

За време на дискусијата граѓаните поставија прашања врзани со отворањето на новото полициско одделение, вештачењето на полициското возило со кое се возеа не униформираните полициски службеници, заштитата на децата и потенцијалните можности за етнички конфликти.

Тие го искажаа своето задоволство за ангажираноста на општината да се отвори полициско одделение.

 

Click here for English Version :

https://sutoorizari.gov.mk/2019/02/25/increasing-the-security-a