mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари учествуваше на Првиот Национален Форум за Здравство

Општина Шуто Оризари учествуваше на Првиот Национален Форум на Здравство: Патот до квалитетна и ефикасна примарна здравствена заштита во Република Северна Македонија.

Во текот на форумот зема учество премиерот Зоран Заев со свое излагање на темата „Заложбата на Владата  за подобрување на здравјето на граѓаните во насока на остварување на Целите за одржлив развој на Обединети нации “.

На форумот имаше свое излагање и Министерот за здравство Венко Филипче, Директорот на одделот за здравствени системи и јавно здравје Ханс Клуге и претставник на СЗО Жихан Тавилах.

На форумот беа презентирани резултати од истражувањата за примарната здравствена заштита во Македонија, модели на примарната здравствена заштита, начини на интеграција со јавното здравје, социјалната заштита и секундарните и терциерните услуги, улогата на e-здравството, иновациите и здравствените технологии услови кои ќе овозможат имплементација на новиот модел на примарната здравствена заштита

Форумот се затвори со пленарна дискусија, заклучоци и завршно излагање на Министерот за здравство Венко Филипче.