Во интерес на здравјето на нашите граѓани за превенција и заштита од коронавирус COVID 19, Општинскиот Кризен Штаб подели повеќе од 500 информативни флаери за превенција и заштита од овој вирус.
Прочитај повеќе »Author Archives: sutoorizari
Општинскиот кризен штаб продолжува со спроведување дезинфекција на јавни површини и улици
Во текот на денешниот ден согласно насоките на Владата на Република Северна Македонија, Општинскиот Кризен Штаб изготви посебни дозволи за комуналните работници за одржување на чистотата и спроведување на оперативниот план за дезинфекција на јавни површини и улици.
Прочитај повеќе »Подготвени 250 пакети за превенција и заштита од Коронавирусот
Денеска беа подготвени 250 пакети составени од заштитни маски, ракавици и насоки за превенција и заштита од Корона вирусот. Пакетите беа поделени на високо социјално ризични семејства во општината.
Прочитај повеќе »Континуирана дезинфекција на отворените и затворените површини на територијата на општината Шуто Оризари
Општинскиот кризен штаб продолжува со дезинфекција на отворени и затворени површини. Во изминатите два дена направена е дезинфекција на 40 затворени објекти и 1/2 од улиците и отворените површини на територија на општина Шуто Оризари. Продолжуваме понатаму во текот на оваа недела.
Прочитај повеќе »Втор ден на дистрибуција на хуманитарна помош
Општинскиот Кризен Штаб втор ден во дистрибуција на хуманитарна помош на социјално ранлива категорија на семејства, во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје. Хуманитарна помош е обезбедена од Фондација Отворено Општество Македонија, преку невладините организации ИРИЗ – Скопје и Чачипе – Скопје.
Прочитај повеќе »Одржана втора седница на Општинскиот кризен штаб
Општинскиот Кризен Штаб ја одржа втората седница од неговото формирање на 30.03.2020 година. Во прилог записник од седницата: ОКШ-извештај-30.03.2020
Прочитај повеќе »Повторна дезинфекција на 30 затворени објекти
Денеска Општина Шуто Оризари продолжи со својот план за дезинфекција на затворени објекти. Направена повторна дезинфекција на 30 затворени објекти. Утре се продолжува со останатите објекти на територија на Општината. Здравјето пред се за нашите жители!
Прочитај повеќе »Советот на млади од Општина Шуто Оризари во соработка со НВО секторот и млади Роми (видео)
Советот на млади при Општина Шуто Оризари во соработка со НВО-ите, како и млади интелектуалци и професионалци Роми учествуваат во подигање на свеста за важноста од останувањето дома за време на пандемијата од Коронавирусот COVID-19 ! Младите Роми ги даваат своите совети и препораки околу овој кризен период. Видеото можете да го погледнете на следниов линк:
Прочитај повеќе »Информација за онлајн часови и веб платформа за едукација во домашни услови – соопштение од ООУ „26 Јули“
Општинското Основно Училиште „26 Јули“ – Скопје (http://oou26juli.edu.mk/), се придржува кон насоките кои што ги наложува Министерството за образовани и наука за одржување на часовите преку интернет односно – онлајн часови. Училиштето има креирано простор онлајн (Google Drive) каде што наставниците ќе прикачуваат часови и лекции коишто ќе можат учениците да ги проследат и да извршуваат задачите зададени од наставниците. ...
Прочитај повеќе »Обезбедување на 100 хуманитарни пакети на социјално ранливите семејства
Денеска општина Шуто Оризари дистрибуираше Хуманитарна помош на 100 социјално ранливи семејства. Хуманитарната помош беше обезбедена од Амди Пашината Џамија од Шуто Оризари. Интервенцијата продолжува во наредните денови.
Прочитај повеќе »