ЈАВЕН ПОВИК за формирање Иницијативен одбор за конституирање Локално собрание за млади на Општина Шуто Оризари
Општина Шуто објавува Јавен повик за формирање на Иницијативен одбор, чија задача е да го конституира Локалното собрание на млади.
Ова тело ќе биде составено од пет (5) членови, а во истиот може да членуваат претставници на: младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички организации, студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територија на општината.
Предложените лица треба да се жители на Општина Шуто Оризари, на возраст од 15 до 29 години.
Јавниот повик е достапен на следниот линк
Начин на пријавување:
Рок за пријавување: 16 Јануари 2023 година
2023-01-04