mk_MK mk_MK

Практикантите на НВО Ромаверзитас на средба со Претседателот на Совет на Општина Шуто Оризари – Фатима Османовска

 

Практикантите во Општина Шуто Оризари во рамки на проектот ,, Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високо образование и транзиција на пазарот на трудот”  преку компонентата практиканство имаа можност лично да се запознаат со Претседателот на Совет на Општина Шуто Оризари – Фатима Османовска.

Тие се запознаа со работата и надлежностите на Советот, комисиите кои се формираат во интерес на граѓаните и како се одвива проектниот циклус во рамки на локалната самоуправа.

Воедно, на средбата беше разговарано за потребата од мобилизирање на младите во интерес на подобрување на состојбата на заедницата и за важноста од одржување на контакт со заедница за понатамошен развој.

Општина Шуто Оризари во соработка со НВО Ромаверзитас и во рамки на проектот ,, Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високо образование и транзиција на пазарот на трудот” овозможува пристап до пракса и работа на конкретни проекти со цел усовршување на работните вештини на студентите роми.