mk_MK mk_MK

Потпишување на договор за отварање на ресурсен центар во општина Шуто Оризари

Градоначалникот на општина Шуто Оризари  Курто Дудуш и Постојаниот претставник на  УНДП во Скопје Армен Григорјан потпишаа договор за финансирање на отворањето на првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи.
Центарот, прв од ваков вид во земјата, се формира со цел обезбедување услуги на локално ниво за поефикасна реинтеграција на повратниците во матични земји како и сервисни услуги на граѓаните од социјален ризик, фокусирајќи се на неколку клучни сегменти, како:
➡️ социјална заштита,
➡️ вработување,
➡️ образование,
➡️ здравствени услуги,
➡️ правни совети
Воедно со доградбата на општинската зграда ќе има простор за отварање на подрачни канцеларии на државните институции и невладиниот сектор како и подобрување на условите на работа на општинската администрација.
За доградбата на општинската зграда со површина од 200 метри квадратни Општина Шуто Оризари со сопствено задолжување во деловни банки партиципира со 8 милиони денари додека УНДП со грант од 5 милиони денари.
Официјално отварање се очекува во втората половина на 2024 година.
Подетално на следниот линк: