mk_MK mk_MK

Во општина Шуто Оризари е основана Локална лидерска група, составена од членови на заедницата

Во рамките на глобалната кампања „Домот е еднаквост“ #HomeEquals на Habitat for Humanity, што на национално ниво ја спроведува Хабитат Македонија, денеска, во општина Шуто Оризари е основана Локална лидерска група, составена од членови на заедницата која ќе работи на предизвиците во домувањето на подрачјето на општината со особен фокус на намалување на нееднаквоста во домувањето, еднаков пристап до вода, електрична енергија и основни услуги за сите граѓани без разлика на нивната етничка, родова, социјална, религиозна или друга припадност.
Курто Дудуш, Градоначалник на Општина Шуто Оризари во името на сите граѓани изрази благодарност до Habitat for Humanity International и Хабитат Макеоднија за поддршката и помошта што ја добиваат семејствата во Шуто Оризари, децата во градинките и воопшто жителите на општината во рамките на досегашните проекти за подобрување на квалитетот на домувањето и унапредување на урбанизацијата на општината.
„Секогаш треба да се држиме до соништата на младите затоа што развојот се заснова на соништата на младите. Хабитат ќе продолжи да ги поддржува и да им помага на граѓаните во Шуто Оризари да го подобрат домувањето и животот затоа што домот значи подобро образование, подобар живот, подобар економски развој“, истакна Рик Хатавеј, Потпретседател на Habitat for Humanity EME кој присуствуваше на настанот во знак на поддршка на Локалната лидерска група и младите во општината кои живеат во неформални населби.
Во изминатиот период во Општина Шуто Оризари, Хабитат Македонија реализираше низа значајни проекти за подобрување на домувањето. Не застануваме тука, во соработка со општинатa ќе продолжиме да работиме на нови проекти и активности кои го подобруваат домувањето како клучен аспект од животот и развојот на заедницата“, изјави Зоран Костов, Извршен директор на Хабитат Македонија.