mk_MK mk_MK

Стратегија за локален економски развој на општина Шуто Оризари

Стратегија за локален економски развој на општина Шуто Оризари 2023 - 2026

Општина Шуто Оризари е една од општините на Град Скопје и како таква е интегриран дел од градот. И покрај тоа што Шуто Оризари е една од помалку развиените градски општини, таа претставува урбана општина со потенцијал за развој.

Со цел општината да обезбеди долгорочен одржлив развој, таа применува стратешко планирање со кое го трасира патот кон остварување на својата визија, да биде економски, образовен и културен центар на државата и општина на одговорни, активни и ангажирани граѓани.

Процесот на стратешко планирање помага да се предвиди развојот и се фокусира на целите кои треба да се остварат, одредува приоритети, програми, мерки и активности. Стратешкото планирање се прави со цел да се обезбеди континуиран развој преку рационално управување со ресурсите со кои располага општината. Притоа, се поаѓа од расположливите природни, човечки и материјални ресурси, анализа на потребите, можностите за развој и изнаоѓање на најповолни решенија со максимално искористување на постојните и креирање на идни ресурси.

За да може да се обезбеди континуитет во развојот, неопходно е да се креираат и применуваат механизми на следење и контрола на имплементацијата на стратешкиот план и да се анализираат проблемите и пречките кои влијаат врз реализацијата на мерките и активностите. Евалуацијата на причините за настанување на утврдените проблеми и пречки во реализација на стратешкиот план доведува до изнаоѓање на решенија со кои истите ќе бидат надминати.

Заради тоа општината пристапи кон подготовка на Стратегија за локален економски развој на општина Шуто Оризариза 2022 – 2025 година, со акциски план кој содржи и проектни решенија и ќе придонесе кон економскиот развој на општината во наредниот период.

Стратегија за локален економски развој на општина Шуто Оризари 2023 - 2026