mk_MK mk_MK

„Habitat for Humanity International“ во посета на општина Шуто Оризари

 

 

На 23 Јуни 2021 година на посета ни дојде господинот Ричард Хатавеј, потпретседател на „Habitat for Humanity International“ за Европа, Блискиот Исток и Африка.

Ова беше убава можност да ги реафирмираме нашите следни развојни проекти, но и да се пофалиме со тековно имплементираниот проект на општината и Хабитат Македонија каде што како главна активност го имаме креирањето на Детални урбанистички планови.

Се сложивме дека урбанизацијата е предуслов за економски развој на општината, преку кој ќе се овозможат и подобри услови за домување, но и вработување.

Исто така разговаравме за нашите идни планови:

  • Помош на населението кое има сопствен бизнис преку унифицирање на фасадите на постоечките објекти преку што ќе придонесеме кон зголемување на нивниот економски бенефит и истовремено ќе го разубавиме централниот дел на општината.

  •  Изградбата на новата социјална населба за која веќе е изработена физибилити студија.

  • Изградбата на нова Трговско економска зона за која веќе се изготвуваат планските програми.

Партнерствата нудат само позитивни резултати и затоа општина Шуто Оризари продолжува со уште поинтензивна соработка со граѓанскиот сектор и сите други субјекти кои што ја делат нашата визија – општина Шуто Оризари да е европска, прогресивна, со достапни услуги и достојни услови за сите граѓани!