mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари ја поддржа Декларацијата на ИДУЕП за инклузивна дебата за осовременување на образованието

„Општина Шуто Оризари ја поддржува Декларацијата на ИДУЕП за водење на дебата за дигитализација на образованието. Таквите иницијативи се од големо значење за иднината на денешните генерации ученици и студенти и таквите практики преставуваат единствен начин на кој може да се носат инклузивни решенија од интерес на сите граѓани“ – ова е пораката на Рамиза Сакип, Советничка за образование во општина Шуто Оризари испратена до Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП).

За таа цел, градоначалникот Курто Дудуш во име на Општината Шуто Оризари даде и поддршка на иницијативата на ИДУЕП преточена во Декларацијата која има намена да послужи како основа за водење на инклузивна и аргументирана дебата на тема осовременување и одржлива дигитализација на образованието

 

Кабинетот на претседателот на Републиката испрати одговор до ИДУЕП за оваа иницијатива на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи. Во одговорот од Кабинетот на претседателот Пендаровски, меѓу другото, се истакнува дека претседателот внимателно ги следи случувањата поврзани со дигитализација на образованието и очекува дискусијата да се интензивира во институциите, односно во Парламентот, без оглед колку ќе трае дебатата во комисиите или во другите форми на јавна расправа. Само со суштинска и сеопфатна дискусија во која ќе биде вклучена стручната јавност, како и сите засегнати страни, може да се дојде до одржливи и целисходни законски решенија, стои во дописот од Кабинетот на претседателот испратен до ИДУЕП. Целиот допис е достапен ТУКА

Министерството за образование и наука (МОН) по однос на иницијативата испрати и официјален одговор до ИДУЕП во кој, меѓу другото, нагласи и дека секоја промена во образованието Министерството ја води транспарентно, со учество на сите засегнати страни и експертската јавност. Целиот допис од МОН до Институтот е достапен ТУКА

И Сојузот на средношколци ја поддржа и потпиша и Декларацијата изготвена од ИДУЕП. Повеќе инфо ТУКА

Поддршка за Декларацијата на Институтот стигна и од политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ). Информацијата е достапна ТУКА

Потпис на Декларацијата во име на Општина Свети Николе стави и градоначалникот Сашо Велковски. Повеќе инфо ТУКА

Претходно, како основа за воспоставување на добра комуникација во процесот на дигитализација на образованието, ИДУЕП изработи Декларација како основа за водење на дебата за осовременување на образованието во која ги сумираше ставовите од различните субјекти на кои изгледа дека се согласуваат учесниците во досегашната јавна дебата. Институтот смета дека прифаќањето на овој или друг сличен документ и негово ставање во средиште на дискусијата може да се дојде до продуктивна расправа која ќе изнедри евентуално долгорочно решение за стратешко осовременување на образованието.

Декларацијата е испратена до државниот врв, МОН, Комисијата за образование при Собранието, политичките партии, граѓанските организации кои се активни во сферата на образованието и младинските политики, меѓународните претставништва и организации, како и други општествени чинители активни во оваа сфера.

Повеќе информации за иницијативата на ИДУЕП и можностите да дадете поддршка за оваа Декларацијата се достапни ТУКА