mk_MK mk_MK

Премиерот Заев со министерката Шахпаска на посета на народната кујна во Шуто Оризари во кујната на детската градинка „8 април“

Премиерот на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска беа во посета на народната кујна во Шуто Оризари во кујната на детската градинка „8 април“. Премиер кој го препозна и уважи проектот на општинската народна кујна и го виде процесот на подготовка на храната, – донираше намирници за готвење на 350 вкусни оброци и испрати благодарност до сите вклучени страни, компании, индивидуалци и волонтери кои до сега овозможија беспрекорно одвивање на активностите. Воедно апелираше и до сите останати компании и засегнати страни да се вклучат во иницијативата, а останатите општини да го следат примерот на Општина Шуто Оризари.
Денешната лична донација од страна на Премиерот служи како пример за сите политичари, за личната одговорност која ја имаат сите носители на јавни функции и враќањето назад во заедницата која ни ја дава довербата.
Од името на корисниците на општинската народна кујна, упатуваме благодарност до Премиерот.
Воедно беше и искористена можноста со Премиерот и Министерката за труд и социјална политика, госпоѓа Јагода Шахпаска да се разгледа детската градинка „Осми Април“ и изградбата на вториот панел со кој ќе се прошири капацитетот за згрижување на деца, а воедно и ќе се обезбеди простор за децата од улица.

 

Проследете ги изјавите на следните линкови: