mk_MK mk_MK

Засадени висококвалитетни дрвја на територијата на општина Шуто Оризари

Засадени се  над 100 висококвалитетни дрвја изминатата недела на различни локации во нашата општина – спортскиот центар и детското игралиште, паркот кај џамијата, поликлиниката и основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“.

Засадeни се повеќе видови од кои: jапонски јавор, јапонска цреша, багрем, каталпи, индиски јоргован и липа.

Сега е ред на сите нас да ги чуваме и да дозволиме во следните години да ги видиме во нивната финална форма и убавина.

Продолжуваме и понатаму, секој слободен простор ќе биде зазеленет!