mk_MK mk_MK

Поставување на железни пречници за побезбедно користење на пешачките патеки

Комуналните екипи на општина Шуто Оризари поставија железни пречници на тротоарите во близина на Поликлиниката во Шуто Оризари, Градинката „8 Април“ и детскиот парк кај Амди Пашината џамија.

Тротоарите сега се ослободени за безбедно поминување на сите граѓани користејќи ги пешачките патеки без притоа да бидат спречени од други фактори.

Безбедноста на граѓаните пред се!