mk_MK mk_MK

Директна помош на заболените од Ковид19 – пакет со дезинфекциони средства, пакет со храна, пакет витаминска терапија и пулс оксиметар

Граѓаните на општина Шуто Оризари ќе имаат можност да добијат директна помош наменета за заболените лица со вирусот КОВИД 19 почнувајќи од месец декември и ќе трае во следните 3 месеци.

Пакетот се состои од  дезинфекциони средства, пакет со храна, пакет витаминска терапија и пулс оксиметар (мерење на количина на кислород присутна во крвта на луѓето)

Во вкупна вредност од 50 000 €, донација од Roma Initiative Office / Open Society Foundation Berlin, Институтотза истражувања и политички анализи –Ромалитико и граѓанската иницијатива Аваја.

Секое социјално загрозено семејство во кое постојат Ковид позитивни членови во семејството им е од неизмерна помош ваквиот вид на подршка.

Потребата е голема насекаде, не само во Шуто Оризари, а помошта од донаторите е краткотрајна, затоа предлагаме и апелираме на зголемување на ангажманот на државата во овој правец како една од ефективните мерки за превенција на последиците од Ковид 19, особено кај најранливите категории на граѓани. Со вакви мерки директно до граѓаните, ќе имаме уште повидливи резултати во справувањето со пандемијата!