mk_MK mk_MK

Неуморно работење на општината Шуто Оризари во престојниот период

Општината Шуто Оризари сеуште неуморно работи за да обезбеди подобри услови на своите граѓани кои што живеат на оваа територија. Активностите што ги спроведе општината во престојниот период се:

  1. Најава за вториот детски парк
    – Во првата фаза е обезбеден просторот (нови темели, ограда, скали за одмарање, се маркира просторот каде што ќе бидат поставени забавните детски реквизити)
    – Во втората фаза ќе се поставуваат нови канделабри со ЛЕД осветлување, нови клупи и ќе се поставуваат детски реквизити.

2. Општинскиот кризен штаб на 17 Ноември 2020 година одржа редовен состанок на кој се дискутираше за моменталната ситуација со заболени од Ковид 19 во општина Шуто Оризари и се донесоа следниве заклучоци и препораки:

  • Се препорачува на сите угостителски објекти (кафулиња, сендвичари), на сите обложувалници, и останати трговски објекти, строго да ги почитуваат протоколите и мерките за работа и заштита на населението од Ковид 19 (држење дистанца, задолжително носење на маска, дезинфекција на раце) при вршење на нивната дејност и да обезбедат редари кои ќе воспостават ред и контрола на применување на мерките.
  • Се препорачува на верските објекти на територија на општина Шуто Оризари, строго да ги почитуваат мерките при извршување на верските обреди на граѓаните, редовно да вршат дезинфекција на верските објекти и да обезбедат сретства за дезинфекција на раце.
  • Се препорачува матичните лекари (концесионери) да обезбедат механизми за одржување на ред и дистанца помеѓу пациентите во чекалните и пред ординациите.

3.  Редовна дезинфекција на јавни површини одржување на чисто Шуто Оризари и дезинфекција на улиците низ нашата општина

Не можеме сами, мораме заедно! Почитувајте мерки, носете маски, држете дистанца, не се групирајте!

Само индивидуалната одговорност ќе ни помогне да излеземе час поскоро од пандемијата!

4. Пристигнати 18 клупи за детскиот парк, во наредните денови ќе се постави вештачка треба и гумиран под за родителите од Шуто Оризари да имаат простор каде што на забавен и квалитетен начин ќе го поминат времето со своите деца.