mk_MK mk_MK

Претседателот Пендаровски се обрати на средбата по повод 5 Ноември – Светски ден на ромскиот јазик

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски го одбележа 5 Ноември – Светскиот ден на Ромскиот јазик со средба на која имаше можност да ги ислуша искуствата, предизвиците и препораките упатени од Арабела Иљаз, Виша соработничка, советничка за Ромски јазик во Управата за развој и унапредување на образованието на заедниците, Рамиза Сакип, советничка за образование во општина Шуто Оризари, наставниците од ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ и  ОУ„26 Јули“ – Сарита Јашарова, Нежмие Саитова и Ален Умер, Санела Емин – професионална актерка и Билјана Петревска Малинова – претставничка од Охо Продукција.

Оттука, претседателот Пендаровски го истакна значењето од институционална поддршка за изучување, употреба и негување на ромскиот јазик, што истовремено е придонес во јакнење на мултиетничкото општество на Северна Македонија.

„Вашите напори како наставници и професионалци кои придонесувате кон афирмацијата на ромскиот јазик во образованието се клучни за обезбедувањето на праведен пристап до образование за сите ученици без исклучок. Ние политичарите имаме обврска да ве ислушаме и заедно со вас да предлагаме соодветни политики”, рече во обраќањето претседателот Пендаровски.

Споделените искуства, предизвици и препораки поврзани со Ромскиот јазик, историја и култура на средбата беа заложбите на наставниците и сите други чинители од ромската заедница, ромскиот јазик да биде задолжителен почнувајќи од прво одделение, ромската култура да биде факултативен предмет и за децата коишто не се Роми, како и поддршка за возобновување на катедрата за ромски јазик.

Секако, тука е и иницијативата на Кабинетот на Претседателот со што се овозможи да се добијат дигитални наставни содржини за изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ по форматот на „ТВ училница“.

Погледнете ги во прилог: