mk_MK mk_MK

Советот на млади при Општина Шуто Оризари ќе земе учество на Европската недела на локална демократија (ЕНЛД)

 

Локалниот младински совет на млади при општина Шуто Оризари оваа година ќе  биде вклучено во обележување на Европската недела на локална демократија преку  организирање јавни настани кои ќе придонесат кон зајакнато учество на граѓаните, особено на младите во процесите на донесување одлуки на локално ниво.Европската недела на локална демократија (ЕНЛД), ќе се одбележува во неделата околу 15 октомври на тема „ Локална демократија: градење доверба“. Оваа иницијатива е координирана од Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа.
Планирани се неколку активности на  за оваа годишна манифестација, во чии рамки локалните власти од 47 земји-членки на Советот на Европа (и пошироко) организираат јавни настани со цел зајакнување на локалната демократија и учеството на граѓаните:

Временска рамка
Настан
13.10.2020
13:00 – 15:00 часот
Сесија со градоначалник на општина Шуто Оризари
15.10.2020
10:00 – 15:00 часот
Сесија со советници на општина Шуто Оризари
16.10.2020
19:00 – 20:00 часот
Информативна сесија со млади на тема „Демократија“

 

Заинтересираните млади кои би сакале да се вклучат може да се обратат на Фејсбук страницата на Советот на Млади при Општина Шуто Оризари