mk_MK mk_MK

Јавен повик за млади претприемачи од Агенцијата за млади и спорт

 

Врз основа на програмата за работа за 2020 година на Агенцијата за млади и спорт, Сектор млади, како и Oдлука донесена од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт, се објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За аплицирање со бизнис план од млади лица „Млади претприемачи“

Агенцијата за млади и спорт ги повикува сите млади лица да аплицираат со своја бизнис идеја (Бизнис план), согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки:

1. Да се на возраст од 19 до 29 години

2. Да се невработени или вработени кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

3. Да се државјани на Република Македонија.

4. Едно лице има право да учествува на јавниот повик само со еден бизнис план,

По завршување на јавниот повик ќе биде доделена финансиска награда за отпочнување со реализација на најдобрата бизнис идеја, во висина од 440 000, 00 денари.

Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите, млади луѓе на возраст од 19 до 29 години, кои се невработени а имаат желба да започнат сопствен бизнс да се аплицираат со сопствен бизнис план на јавниот повик. Пристигнатите бизнис планови ќе бидат оценувани од страна на стручна надворешна комисија.

Бизнис планот потребно е да ја има следнава содржина:

  1. извршно резиме ( опис на бизнис идејата)
  2. мисија и цели
  3. маркетинг и продажба
  4. ресурси (физички, финансиски, човечки)
  5. финансиски план и ризици
  6. излезна стратегија

Апликантите своите бизнис планои треба да ги достават во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Покрај бизнис планот апликантот потребно е да достави и писмо со кое пројавува интерес за финансирање на неговиот бизнис план, како и копија од документ за лична идентификација, контакт телефон и меил адреса.

Адресата на која треба да се аплицира е:

Агенција за млади и спорт

Сектор млади

Ул. Македонија 38, 1000 Скопје(Палата „Панко Брашнаров“)

Со назнака „за Јавен повик за Млади п ретприемачи

 Или лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат mail:gordana@ams.gov.mk секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.

Јавниот повик трае до 30 октомври 2020 година.